Поранешниот директор на ФРОНТЕКС за Пактот за миграцијата: „Вистински пакт на срамот“

„Со принудување на земјите да прифаќаат мигранти, го газите основниот принцип дека нашиот континент е лулка на демократијата. Но, уште полошо - потенцијално го пуштате исламистичкиот волк во европското јато“, рече Лежери.

од Vladimir Zorba
20 прегледи Фото: ДВ/Јутјуб/Принтскрин

Поранешниот извршен директор на ФРОНТЕКС и актуелен европратеник на „Патриоти за Европа“, Фабрис Лежери, го опиша Пактот за миграција и азил на ЕУ како „вистински пакт на срамот“.

„Со него, Европската комисија не предлага управување со миграцијата, туку ги принудува земјите-членки да капитулираат пред овој феномен“, изјави тој на пленарната седница во Брисел за време на дебатата за првиот годишен извештај за пактот:

„Секоја европска земја што одбива да ги прераспредели мигрантите во нашите градови и села е под закана од тешки финансиски санкции. Секоја земја што сака да ги заштити своите граѓани и својот национален идентитет ќе биде третирана како криминална држава што мора да се натера да се покори.

Со принудување на земјите да прифаќаат мигранти, го газите основниот принцип дека нашиот континент е лулка на демократијата. Но, уште полошо – потенцијално го пуштате исламистичкиот волк во европското јато“, рече Лежери.

Тој потсети дека мозокот на нападот во Батаклан, Абдел Хамид Абауд, кој го изврши пред точно 10 години, успеал да влезе во Европа инфилтрирајќи се меѓу сириските бегалци.

„Повеќето од бомбашите во нападите во Париз и Брисел пристигнале по истите средства и рути“, додаде Лежер.