Поранешниот египетски претседател Мубарак погребан со воени и државни почести

од Aleksandar Petrovski
177 прегледи

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак денеска е погребан со воени и државни почести.

Погребната поворка беше предводена од актуелниот претседател на Египет, Абдел Фатах ал Сиси, кој беше придружуван од египетскиот државен врв и претставници на арапските земји.

Мубарак почина вчера во болница, каде беше повеќе недели по операцијата.

Египетската јавност е поделена за значењето на историската улога на Мубарак, кој беше на власт од 1981 до 2011 година. Тој се смета за еден од првите политички жртви на Арапската пролет, револуционерно движење што во 2011 година го зафати целиот регион.

Мубарак откако беше соборен од власт беше осуден на доживотен затвор поради заговор и убиство на 239 демонстранти, а во 2015 година повторно беше обвинет дека заедно со неговите двајца синови злоупотребувал државни пари за да го зголеми личното богатство.

Мубарак во затвор и во воени болници помина неколку години до 2017 година кога е ослободен.

Во Египет е прогласена тридневна жалост.

Слични содржини