353
Основното обвинителство во Приштина потврди дека поднело обвинение против поранешниот амбасадор на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај поради закани кон претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави „Тeve 1“.
Портпаролката на Основното обвинителство во Приштина, Љаурета Уљај, потврдила дека Дедај се товари за кривично дело заплашување.
Од кабинетот на косовската претседателка соопштиле дека Обвинителството не ги информирало за тоа.
-Претседателката Османи не е информирана за тоа, изјавил нејзиниот советник за медиуми Беким Купина.
Ниту самиот Дедај не бил информиран за обвинението.
-Никој не ме извести за обвинението. Никому не сум се заканувал. Османи го загрози мојот авторитетот и ме смени од функцијата, изјавил Дедај за „Тeve 1“.