Поранешниот лидер на Хамас Калед Мешал изјави дека палестинската милитантна група држи доволно израелски војници како заложници за да ги размени за сите палестински затвореници во Израел.
Во ексклузивно интервју за „Ал Арабија“, Мешал, за кој ТВ станицата со седиште во Дубаи наведе дека сега ја предводи канцеларијата на Хамас за дијаспората, рече дека нападот на Хамас на 7 октомври, кој започна нов бран на израелско-палестинскиот конфликт, бил пресметан потег и дека таа организација била целосно свесна за неговите последици.
„Израел ќе не убие, без разлика дали ќе се спротивставиме или не“, рече Мешал.
Тој претходно тврдеше дека меѓу заложниците на Хамас има и високи офицери на израелската армија задолжени за Газа.