Поранешниот лидер на Хамас: Заробивме доволно израелски војници за да ги размени за сите палестински затвореници

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот лидер на Хамас Калед Мешал изјави дека палестинската милитантна група држи доволно израелски војници како заложници за да ги размени за сите палестински затвореници во Израел.

Во ексклузивно интервју за „Ал Арабија“, Мешал, за кој ТВ станицата со седиште во Дубаи наведе дека сега ја предводи канцеларијата на Хамас за дијаспората, рече дека нападот на Хамас на 7 октомври, кој започна нов бран на израелско-палестинскиот конфликт, бил пресметан потег и дека таа организација била целосно свесна за неговите последици.

„Израел ќе не убие, без разлика дали ќе се спротивставиме или не“, рече Мешал.

Тој претходно тврдеше дека меѓу заложниците на Хамас има и високи офицери на израелската армија задолжени за Газа.

Слични содржини