Поранешниот министер и амбасадор Перо Стојановски осуден на три и пол години затвор

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Поранешниот амбасадор во Австралија  и екс министер за образование од владата на Груевски , Перо Стојановски е осуден на три и пол години затвор за злоупотрба на службената положба. Одлуката ја донел скопскиот Основен суд 1, на 17 септември по пријава од Министерството за надворешни работи.121019

Стојановски не е достапен за органните, бидејќи се врати приватно во Австралија и сега му преостанува уште една инстанца, Апелацискиот суд, пред да добие конечна пресуда и евентуално да биде побарана негова екстрадиција. Амбасадорувањето на Перо Стојановски се смета за едно од најскандалозните, бидејќи неговата работа ја следеа љубовни скандали, насилни влегувања во куќи, долгови низ Австралија.