237
Пејачот Ник Канон, поранешниот сопруг на пејачката Мараја Кери, стана татко по седми пат, откако се породи неговата избраничка Алиса Скот.
Сепак, не би било чудно, да не беше неговото трето дете за половина година, пишува „Глоси“.
Ник е во романса со три дами, кои се познаваат, а тоа се Аби Де Ла Роса, Британи Бел и Алиса Скот.
Тој доби близнаци со диџејката Аби Де Ла Роса на почетокот на јуни. Тие се неговото петто и шесто дете и втор пар близнаци, додека првите ги доби со неговата поранешна сопруга Мараја Кери. Тие беа во брак од 2008 до 2016 година.
Шармантната Алиса Скот сподели фотографија на Инстаграм со бебе во рацете.
Следбениците често се збунети од семејната ситуација на Ник, и честопати затоа е мета на несоодветни коментари.