Поранешниот поглавар на ИВЗ: Со моја интервенција Пендаровски победи на претседателските избори

636 прегледи

Со помош на интервенцијата на Сулејман Реџепи, актуелниот претседател на С.Македонија, Стево Пендаровски , победил на изборите, тврди Реџепи кој воедно беше тогаш поглавар на Исламската верска заедница.

Реџепи во синоќешното гостување во ТВ21, посочи и дека Миле Зечевиќ од СДСМ, бил директно пратен од Зоран Заев и Изет Меџити од ДУИ, и истите го молеле пред претседателските избори да ги повика муслиманите од Македонија да гласат за Стево Пендаровски.

Реџепи рече дека благодарение на неговата интервенција и повик до муслиманите, Стево Пендаровски е избран за претседател и дека тоа му го признал и самиот Стево. „Ова е твоја победа, не моја“, му рекол Пендаровски на тогашниот Реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

-Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев и преставник на ДУИ беше Изет Меџити кои ме молеа да ги примам на состанок. Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикам мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја, истакна Реџепи во гостувањето во ТВ21.

Слични содржини