Поранешниот премиер на Италија: „Путин беше притиснат да ја нападне Украина“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони пред општите избори во неделата во таа земја изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил „притиснат“ да ја нападне Украина и дека само сакал „да стави пристојни луѓе на власт“ во Киев, пренесува „Ројтерс“.

Берлускони е еден од лидерите во десничарската коалиција за која се предвидува дека ќе има најголеми шанси за победа на неделните избори во Италија и е долгогодишен пријател на рускиот претседател, наведува британската агенција.

„Путин беше притиснат од рускиот народ, од партијата, од неговите министри да излезе со оваа специјална операција“, рече Берлускони.

Слични содржини