Поранешниот претседател на СФРЈ остана без италјианското одликување: Тито веќе не е „Витез на Републиката“

Маршалот Тито повеќе не е носител на „Витез од Орденот на Големиот крст за заслуги на Република Италија“, одликување што му беше доделено на 2 октомври 1969 година.

од Бети Божиноска
363 прегледи

Претседателската палата на Република Италија соопшто дека поранешниот југословенски претседател, маршалот Јосип Броз-Тито, веќе не е „Витез на републиката“, пренесува „РТ Балкан“.

Објаснувањето е дека „одликувањето истекува со смртта на примателот“, но ова признание во Италија е веќе предмет на полемика меѓу партијата на десниот центар, од каде што сакаа да му го одземат одликувањто на поранешниот југословенски претседателл, и на левиот центар, кои го критикуваа тој предлог.

Претседателската палата „Квиринале“ пресече дека „одликувањата се поврзани со животот на примачот и престануваат по нивната смрт“, така што Маршалот Тито повеќе не е носител на „Витез од Орденот на Големиот крст за заслуги на Република Италија“, одликување што му беше доделено на 2 октомври 1969 година.

„Ситуацијата е јасна во однос на Јосип Броз Тито, шефот на југословенските комунисти, одговорен за масакрот во јамите, кој беше добитник на наградата од 1969 година до неговата смрт на 4 мај 1980 година“, се вели во соопштението.

Сега треба да видиме дали оваа одлука е доволна за да се дојде до крајот на политичките битки.

Оваа историска одлука е основана и од правен и од историски аспект, потсетуваат пратениците на Демократска партија (ПД) со левичарска ориентација на Комисијата за уставни прашања, бидејќи Квиринале „не донесе одлука, туку само го цитираше законот“, оставајќи ѝ ја таа работа на историјата и нејзиното толкување, без сега политички да се инструментализира.

Партијата на премиерката Џорџа Мелони, Италијански браќа, изрази задоволство што е „расплеткано клопчето“, потсетувајќи на законот според кој дека одликувањата престануваат по смртта на примачот.

Истовремено, десничарите веќе подолго време зборуваат за „диктатурата на маршалот Тито“ како нешто „неодвоиво од етничкото чистење на Италијанците кои живееле во Истра, Риека и во Далмација“. Оттаму истакнуваат дека со одземањето на одликувањето на Тито се чува сеќавањето и болните спомени на италијанскиот народ за жртвите во јамите и за прогонот.

Италијанците потсетуваат дека одлуката не се однесува само на Тито, туку и на поранешниот романски диктатор Николае Чаушеску, носител на истото одликување, како и на Мобуту Сесе Секо, поранешниот претседател на Заир. Тие почести се сега неважечки.

Имињата на тито и останатите и понатаму се на официјалната страница на Претседателството на Републиката, каде што ќе останат како историски документ.

„Тоа е и праведно, историјата не се брише! Тоа се случило во некое време кога талија сакала да

Слични содржини