Поранешниот шеф на ЕК: Брисел му дава лажна надеж на Киев

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Европската унија ѝ дава лажна надеж на Украина во однос на членството, изјави поранешниот шеф на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Многу ме нервираат одредени гласови во Европа кои се обидуваат да ги убедат Украинците дека можат веднаш да станат членки на Европската унија“, рече Јункер.

Тој смета дека Европската унија нема да има корист од членството на Украина, бидејќи Киев е длабоко корумпиран и има потреба од опсежни внатрешни реформи, пренесува „Спутник“.

Весникот „Политико“ претходно, повикувајќи се на извори, објави дека Брисел се подготвува да започне официјални преговори со Киев за влез во ЕУ, кои ќе бидат објавени во декември.

Слични содржини