Поранешниот сопруг на Адел сериозно се „опарил“ од разводот

од Vladimir Zorba

Адел и Сајмон Конечки конечно се разведоа во четвртокот. Она што ги изненади сите беше фактот дека тие успеаја да ги избегнат адвокатите и преку медијатори го споделија богатството на Адел од 190 милиони долари.

„Првото нешто за што непречено се согласија е заедничкото старателство. После тоа следеше потешкиот дел – фер распределба на имотот“, изјави извор близок до парот, како што пренесуваат медиумите.

„За среќа, тие успеаја да се договорат за сè без скандали и клевети во медиумите“, додаде изворот, додавајќи дека тоа е добра основа да останат во добри односи и во иднина.

Адел, пишуваат медиумите, заработува 82.000 долари на ден, а отежнувачка околност била што парот не склучил предбрачен договор пред венчавката. Средствата на Сајмон се проценуваат на „само“ 2,7 милиони долари, па затоа многу обожаватели на пејачката коментираат дека „тој мора да е многу горд на себе, вистински маж кој зема пари од својата поранешна сопруга“.

Сепак, медиумите пишуваат дека Сајмон се обидел да биде што е можно поправеден при распределбата на парите, како и дека „парите не му се важни“.

По разводот, Адел се посвети на целосна трансформација и за време на три години изгуби вишок 40 килограми, а фановите беа поделени. Додека беа во почетната фаза на диета, сите велеа дека таа никогаш не изгледала подобро, многумина денес и кажуваат дека претерала.

Слични содржини