Поранешниот сопруг на Меган Маркл пишува мемоари: Војвотката од Сасекс користела недозволени супстанци?

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Поранешниот сопруг на Меган Маркл, Тревор Енгелсон, наводно пишува мемоари во кои може да открие непознати детали за нивниот краткотраен брак.

Да потсетиме, пред да стапи во брак со принцот Хари, Меган беше во врска шест години, а потоа од 2011 до 2013 година во брак со продуцентот Тревор Енгелсон.

Странските медиуми шпекулираат за што тој би можел да зборува во своите мемоари. Многумина мислат дека Тревор ќе зборува и за самиот крај на бракот, за што како причина Меган ги навела „непомирливите разлики“ во 2013 година.

Актерката наводно му го пратила вереничкиот прстен на Тревор по пошта, а се верува дека се разделиле откако таа се преселила во Канада поради снимањето на серијата Suits.

„Мирор“, исто така, шпекулира дека во мемоарите би можело да стане збор за нивната венчавка во Јамајка, каде што извори тврдат дека двојката на гостите им давала марихуана како подарок за добредојде.

Во тоа време, употребата на марихуана беше нелегална во Јамајка.

„Последното нешто што Меган го сака е да биде поврзана со било каков вид на нелегална супстанција“, изјави извор за „Мирор“.

Слични содржини