Поранешниот тапанар на „Guns N ‘Roses“ во болница по обид за самоубиство

од Vlatko K
141 прегледи

Поранешниот тапанар на легендарниот американски рок-бенд „Guns N ‘Roses“ Стивен Адлер беше
примен во болница во Лос Анџелес по обид за самоубиство, пренесе „ТМЗ“.


Околу 18.30 часот по локално време во четвртокот, во полиција е испратен сигнал од домот на 54-
годишниот музичар. Кога полицијата и итната помош пристигнаа на самото место, го најдоа Адлер
со прободна рана во стомакот. Тапанарот бил пренесен во болница, но лекарите споделиле дека
нема опасност за неговиот живот.

Роден на 22 јануари 1965 година, Стивен Адлер е дел од оригиналната постава на „Guns N ‘Roses“.
Тој настапуваше со нив до 1990 година, кога беше протеран поради неговата зависност од хероин.
И покрај разделбата, во 2012 година Адлер беше присутен со остатокот од бендот на церемонијата
на прием во Салата на славните.

Слични содржини