Поранешниот телохранител на Бред Пит и Анџелина Џоли изјави дека бил како татко на нивните деца

од desk2
169 прегледи

Поранешниот телохранител на Бред Пит откри дека отуѓената двојка стравувала дека нивните деца ќе бидат киднапирани за откуп.

3972246800000578-3842394-careful_pitt_52_and_jolie_41_were_fearful_their_children_could_b-m-42_1476695703222

Марк Билингам, одликуван поранешен војник на британската армија Волсал, помина речиси 18 месеци како шеф на обезбедувањето за славната поранешна двојка и нивните 6 деца.

3972fcc900000578-3842394-opening_up_mark_billingham_pictured_middle_on_channel_4_s_sas_wh-m-2_1476683459609

Тој раскажа за макотрпните мерки кој морал да ги превземе за да се осигура дека тие се безбедни, како и бројни соочувања со демначи.

“Нивната најголема грижа беше дека ќе им ги киднапираат децата за пари” изјави Билингам за списанието “The Sun”.

3973b9b200000578-3842394-image-a-59_1476696089594

Тој додаде дека парот бил исклучително фокусиран на заштита на нивните деца, но тие толку многу му верувале што тој емотивно се поврзал со нив и имал дозвола сам да ги однесе каде што ќе посака.

3973bd9300000578-3842394-image-m-61_1476696354478

Исто така постојано ги мачело тоа кој физички ќе се приближи до нивните деца, до тој степен што не им верувале ни на безбедносните професионалци.

3973bd9b00000578-3842394-image-m-55_1476695953058

“Дури и кога сакав да донесам повеќе луѓе, Бред и Анџелина не дозволуваа да им се приближат на децата. Дополнителното обезбедување можеше да ги надгледува од одредена дистанца, но тие не смееја физички да да ги допрат” соопштува поранешниот телохранител.

3973b9ae00000578-3842394-image-a-58_1476696085159

 

Тој наводно поминувал толку многу заедничко време со децата што се чувствувал како да им е татко. Билингам, кој исто така има 6 деца, изјави дека на крај морал да се откаже од работата затоа што ‘ја загубил насоката во неговиот сопствен семеен живот’ поради бескрјаните часови поминати со славната фамилија.