Поранешниот водач на “Кју Клукс-Клан” ќе се кандидира за сенатор во САД

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Тој рече дека ќе се бори за финансиска реформа, ќе гласа за антимонополни закони и за фер надворешна трговија

кју клукс

Поранешниот водач на “Кју Клукс-Клан” Дејвид Дјук ќе се кандидира за сенатор од државата Луизијана, пренесе The Hill . Тој рече дека ќе се бори за финансиска реформа, ќе гласа за антимонополни закони и за фер надворешна трговија.“Откако добив голема поддршка  горд сум да ја објавам кандидатурата за Сенатот на САД”, изјави Дјук. Тој изјави дека ќе се кандидира под слоганот “Америка на прво место”. “Факт е дека европските Американци имаат потреба од најмалку едно лице во Сенатот, еден човек во Конгресот, кој да ги штити правата и наследството  Верувам во еднаквите права и во почитта за сите американски граѓани. Истовремено она што ме прави различен е дека сакам почит кон правата и наследството на европските Американци “, додаде тој. Тој изјави дека ќе се бори за финансиска реформа, ќе гласа за антимонополски  закони и за фер надворешна трговија, како и против т .нар. “Позитивна дискриминација” спрема црнците.