Поранешниот врховен командант на руските сили му помогнал на Пригожин во маршот кон Москва?

од Stefanija Kuzmanovska
459 прегледи

Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командантот на руските воени операции во Украина, знаел дека водачот на платениците Евгениј Пригожин планира бунт против военото раководство на Москва, објави во вторникот „Њујорк Тајмс“.

„Њујорк тајмс“ се повикува на американски претставници запознаени со американското разузнавање за бунтот на Пригожин и наведува дека официјалните лица „се обидувале да откријат дали генералот Сергеј Суровикин, поранешниот врховен руски командант во Украина, помогнал во планирањето на акциите на Пригожин минатиот викенд“.

Пригожин замина во егзил во Белорусија во вторникот според договорот со кој заврши кусиот бунт на неговите борци во „Вагнер“ во текот на викендот, додека претседателот Владимир Путин ги пофали неговите вооружени сили за избегнување граѓанска војна.

„Њујорк тајмс“ објави дека американските власти, исто така, рекле дека постојат знаци дека други руски генерали можеби го поддржувале Пригожин.

„Ројтерс“ не можеше независно да го потврди извештајот.

Пентагон се уште не одговорил на барањето на „Ројтерс“ за коментар. Кремљ и руското министерство за одбрана, исто така, не одговориле на прашањата на „Ројтерс“.

Суровикин, кој руските медиуми го нарекуваат „генерал Армагедон“, во октомври беше ставен на чело на операциите во Украина, но во јануари рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го назначи началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ја надгледува кампањата, а Суровикин стана негов заменик.

Пред да започне бунтот, Пригожин беснеел и против Шојгу и Герасимов, обвинувајќи ги за неуспехот на кампањата и недостатокот на армиска поддршка за борците на „Вагнер“.

Суровикин ја повика групата на „Вагнер“ да се откаже од бунтот против военото раководство и да се врати во своите бази непосредно пред Пригожин да ги поведе своите борци на таканаречениот „марш за правда“ кон Москва.

Слични содржини