Неодамна во Европа се уриваа ѕидови и огради, а сега повторно ги креваат. Причината: стравот од бегалците. Луѓето кои бараат азил, имаат човекови права. Европејците пак имаат право на глас за време на избори. Она што доаѓа?

Иднината на Европската унија ќе се утврдува од страна на се повеќе бегалци и повеќе огради. Стотици илјади луѓе од Африка, Азија и од Балканот пристигнаа во земјите од Заедницата, милиони други сакаат да ги следат. Многумина Европејци ја поздравуваат масовната неконтролирана миграција, иако од сосема различни причини. За едни мултикултурно општество со најмалку можни општи огради се идеал. За други е важно да има евтина работна сила и млади луѓе кои ќе го компензираат демографскиот дефицит во стареењето на нациите. Трети пак сметаат дека Европа е морално обврзана да ги прифати сите луѓе кои бараат азил, под мотото дека ниту еден човек не е нелегален.
Не се малку и оние Европејци кои се против масовната миграција – пак од најразлични причини. Едни гледаат опасност за социјалниот, религиозниот или политичкиот мир во приемните европски општества. Други се расисти на кои не им се допаѓа темна кожа, едноставно затоа се темна кожа или пак не сакаат да имаат ништо заедничко со туѓинци, само затоа што се тушинци. Противниците на миграцијата сепак треба да се свесни дека бегалски поток кон Северозападна Европа не е концерт по желба.
Новите огради на Европа
Поддржувачите исто така треба да се навикнат на еден факт, имено, дека се повеќе држави во Европа ќе издигаат огради, ѕидови и куќишта за да се заштитуваат. Така реагираат општествата кои се чувствуваат загрозени. При тоа нема никакво значење дали опасноста е реална или не.
Во моментов во Европа се одржува нешто како ревизија на сонот за еден континент без граници. Еден од најпознатите Европејци кои први тргнаа по патот на остварување на овој сон, беше еден Унгарец. Тој застана со ножици за метал во рака пред жица . Овој кадар е една од најпознатите слики од прекрасната 1989 година, а мажот на сликата е поранешниот унгарски министер за надворешни работи Ѓула Хорн, кој симболично ја пресече жицата по границата меѓу Унгарија и Австрија. Пораката гласеше дека Железната завеса, која со децении делеше милиони Европејци, оди засекогаш во небитието.
Четвртина век подоцна Европа презеде спротивна насока. Тука не се рушат ѕидови и огради, туку се креваат нови. Започна новото време на границите. НАТО оградната мрежа и апаратите за ноќно набљудување се амблемот на денешниот ден. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој повторува “Ние не сакаме мултикултурно општество!”, почна да гради ѕид кој не треба да ги одвраќа сопствените државјани да ја напуштат земјата, туку да запира навлегувањето на странци. Унгарија гради ограда со три метри височина на границата со Србија против бегалците од целиот свет.
Слични антиглобални заштитни мерки во меѓувреме има насекаде во Јужна Европа. Во 2012 година Грција изгради 12-километарска ограда долж границата со Турција. Следствено на тоа преселбите на народите делумно се концентрира на бугарско-турската граница. Минатата година и Бугарија почна да крева ограда по долгата 275 километри граница со Турција. Првата делница од 30 километри се обезбедени со НАТО мрежа. Следниот дел од 130 километри треба да биде завршен до крајот на оваа година. Бугарија подготвува и закон, кој повторно ќе и овозможува на армијата да биде користена за безбедност на границата – исто како пред 1989 година. Порано или подоцна и Србија ќе започне да крева преграда на границата со Македонија, како одговор на унгарската иницијатива. Турција, пак, неодамна објави плановите за изградба на ровови долж границата со Сирија. Зад обезбедената со мрежа и бетонски ѕид ќе биде изградена патека за движење на патрола автомобили и уште една жица. Дронови ќе ја набљудуваат границата од воздухот, а камери за ноќно гледање и сензори ќе ги пренесуваат информациите на контролните пунктови и на посебен команден центар.
Често се вели дека ѕидовите и оградите не можат да го прекинат бегалскиот поток, туку само ќе го пренасочи. Од техничка гледна точка тоа не е точно. Бидејќи ако навистина сака, Европа природно може да држи голем дел од бегалците зад границите и да изгради многу гранични утврдувања. До 1989 години Романија, Советскиот Сојуз и петте контролирани од него држави беа затвор на 400 милиони Источноевропејци, жители на Кавказ и Централна Азија. Не може да се одрече дека комунистите умее да градат затвори за цели народи.
Она што доаѓа?
Да воздигнуваш ѕидови и огради пред луѓето, сепак се вклопува подобро во диктаторските режими во Источниот блок, отколку на демократските вредности на ЕУ. До каде ќе ја донесе Европа, ако во иднина бегалците исто се вооружат со ножици за метал и скали од јаже и се соочат со новите огради? За разлика од комунизмот, Европа не може да им овозможи на граничните премини со уреди со струја со висок напон и мински полиња, ниту пак со граничари, кои имаат наредба да пукаат .
И сепак: кога едно демократски избрана влада одлучи да крева огради, тоа не е нужно антиевропско или антидемократско. Сега се случува токму тоа: колку повеќе бегалци сакаат да влезат во ЕУ, толку посилно Европа ќе станува повторно во континент на границите и оградите.
Ѕидовите би можеле да бидат решавачки за исходот на многу избори во земјите од заедницата. Денес Европа не е тврдина, но пак очигледно сака да стане таква. Граѓаните може да го прифатат овој факт или да го отфрлат, но политичарите и партиите треба внимателно да направат коректни заклучоци. Бегалците кои сакаат да дојдат во Европа, имаат човекови права. А граѓаните на европските држави имаат право да гласаат за време на избори.

