Јас не очекувам дека оваа криминална власт ќе сака да ги напушти дебелите црвени килими и кожните фотелји каде е залегната и привилегиите кои ги уживаат на грбот на народот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е убеден дека порано или подоцна ќе дојде до предвремени парламентарни избори.
-Не очекувам дека тоа ќе го прифатат и едноставно ќе заминат, затоа што се свесни дека после тоа следува одговорност. Но, затоа сме ние опозиција, затоа ја добивме довербата од народот на минатите локални избори, тоа ќе се случеше и на предвремените парламентарни да беа оние грабеж и масовен брутален поткуп што се случуваше со картичните. Но, подоцна или порано ќе се случат тие парламентарни избори, а потоа следува одговорност за сите овие погрешни политики што македонскиот народ и граѓаните се сведоци изминатите четири години, кажа Мицкоски .