Се верува дека станува збор за двете лица кои сè уште се водеа како исчезнати по несреќата што се случи во неделата навечер, кога два брзи воза се судрија во близина на Адамус. Официјалната идентификација на телата допрва треба да ја спроведе Институт за судска медицина во Кордоба.
Пребарувањето на остатоците од возовите продолжува, со цел да се утврди дали има уште жртви. Според официјалните податоци, повредени се 123 лица, од кои 31 сè уште се хоспитализирани. Шест лица се наоѓаат на интензивна нега, соопштија андалузиските итни служби преку платформата X, при што нагласија дека ниту еден од повредените не е во животна опасност.
Ова е прва несреќа со брзи возови во Шпанија од почетокот на нивното сообраќање во 1992 година. Возот кој сообраќал на релација од Малага кон Мадрид се движел со брзина од 205 километри на час, кога последните три вагони излетале од шините и преминале на соседниот колосек. Во тој момент, од спротивен правец наишол друг воз од Мадрид, кој се движел со брзина од 210 километри на час.
Судирот се случил во рамно подрачје во близина на Адамус, а според надлежните, двата воза се движеле со брзина помала од максимално дозволените 250 километри на час.