Акциите на медиумската компанија на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, позната по кратенката TMTG, вчера поскапеа за 50 отсто пред отворањето на берзите во Америка.
Аналитичарите сугерираат дека атентатот на Трамп, кој беше извршен во саботата во Пенсилванија, може да му ги зголеми шансите за победа на ноемвриските претседателски избори и враќање во Белата куќа, а експертот Роб Кејси смета дека тоа е главната причина за зголемувањето на вредноста на акциите на TMTG, пренесе „CNBC“.
Медиумската компанија TMTG излезе на берзата во Њујорк на 26 март, а нејзините акции значително флуктуираа за време на претседателската кампања во САД.
Во април, компанијата откри во регулаторно поднесување дека има растечки загуби кои, според нејзиниот сметководител, „покренуваат сомнежи за способноста на компанијата да продолжи како континуирана активност“.
Компанијата на берзата работи под кратенката DJT, која ги претставува иницијалите на Трамп.