Пораст на бројот на новозаразени во Косово, 11 лица починаа

од Nikola Popovski

Како резултат на инфекцијата со коронавирус во Косово, се регистрирани 11 смртни случаи во последните 24 часа, што е најголем број на дневна основа досега.

Тестирани се 10.710 примероци, од кои 1.682 беа позитивни, а вкупно 19.695 лица беа активно заразени со коронавирусот.

263 пациенти беа прогласени за излекувани, додека вкупниот број излечени од почетокот на епидемијата изнесуваше 107.288.

Од почетокот на епидемијата, вкупно 2.326 луѓе починаа од последиците од коронавирусот во Косово.

Слични содржини