Пораст во бројот на заразени: 135 нови случаи во последните 24 часа

од Nikola Popovski

Според Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19.

По градови, бројките се:

Скопје 76, Куманово 6, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 13, Струга 7, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 10, Гевгелија 1, Македонски Брод 1, Кратово 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 1

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и еден пациент од Кичево.

Во Институтот за јавно здравје регистрирани се 142 оздравени лица, по градови:

– Скопје 68
– Штип 3
– Прилеп 1
– Тетово 15
– Струга 15
– Охрид 15
– Гостивар 7
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 5
– Свети Николе 6
– Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8332, бројката на оздравени пациенти е 4468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3475.

Слични содржини