Поразлично од врсниците: Вака Грета го прослави својот роденден

401 прегледи

Шведската климатска активистка Грета Тунберг во петокот наполни 17 години и повторно застана пред шведскиот парламент со транспарент „School Strike 4 Climate“ (Школски штрајк за климата).

„Штајк за климата, 72 недела“, твитала Тунберг и објавила фотографија од себе со рачно напишан транспарент.

Грета Тунберг го започна штрајкот во август 2018 година. Школите во шведскиот главен град во петок се се уште затворени поради божикните празници.

Тунберг зборуваше за климата од Швајцарија до Њујорк, а неодамна учествуваше и на конференцијата на UN за климатските промени во Мадрид и на самитот во Торино.

Магазинот Time ја прогласи за личност на годината поради улогата во создавањето на глобалното движење за климатските промени со бегање од школо во петок.

Слични содржини