Патријархот на Српската православна црква, Порфириј ќе присуствува на церемонијата по повод празникот на српската заедница вo Македонија – Денот на Свети Сава. Oва уште во петокот го најави вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците во земјата, Иван Стоилковиќ.
На свеченото одбележување на празникот, што секоја година се одржува во салата на Македонскиот Народен театар во Скопје, ќе присуствуваат и претседателите на парламентите на Црна Гора и на Република Српска, рече Стоилковиќ, додавајќи дека „ова е порака на регионалните помирување и соработка, што ќе биде позитивно поздравено од целата македонска јавност“. Ќе присуствува и специјален претставник на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и уште неколку српски министри.
Порфириј ќе биде гостин на Македонската православна црква. На Светосавската академија, патријархот ќе пристигне заедно со архиепископот Стефан.
Денот е официјален празник и неработен ден за претставниците на српската заедница во Македонија.
Минатата година во чест на Св. Сава во Скопје присуствуваше и претседателот на Србија.