Зборувајќи за одлуката на Собранието на СПЦ за односите со Македонската православна црква, српскиот патријарх Порфирије рече дека СПЦ се обидува да живее во духот на мирот со сите православни цркви, „иако има и несогласувања и кавги“. Тој посочува дека смета дека тоа се минливи работи.
„Како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија, со браќата за кои можеме да кажеме дека ни се најблиски. Даде Господ, најнапред преку молитвите, и жртвата што ја дадоа Архиепископот Јован и другите во Охридската Архиепископија, молитвите на припадниците на Македонската православна црква, да се дојде до она што е копнеж и на двете цркви и да се воспостави единство. Да браќата од Македонија се враќаат во единство со нас и со сите други православни цркви“, рече патријархот на средбата на епископите на СПЦ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој додаде: „Ние тоа го доживуваме како чудо и гледаме дека тоа е Божја интервенција и за тоа сме му благодарни на Бога“.
Додаде дека благодарение на односот на државата кон верските заедници, Српската православна црква има слобода и право „да може да бара во други земји и други места, каде што понекогаш сме во ситуација да го немаме она што другите го имаат, и дека овие барањата не се само празни зборови, веќе можеме да укажеме на положбата на религиите и црквите во нашата земја“.