Сторми Даниелс, sвездата на филмовите за возрасни, наводно имала сексуални односи со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и тоа, како што рече, за време на неговиот брак со Меланија.
Според неа, таа и Трамп се запознале преку неговиот адвокат Мајкл Коен, а наскоро следеле и најлошите деведесет секунди од нејзиниот живот.
На подкастот „Меа Кулпа“, Даниелс тврди дека го видела Трамп без гаќи на неговиот прв состанок. Таа откри дека состанокот бил договорен на добротворен голф натпревар, по што завршиле во неговата соба.
„Ја соблече долната облека и легна на работ од креветот. Стана и ми рече – ова е твојата шанса. Реков – Што? Тој продолжи – Мора да ми покажеш колку го сакаш ова“, рече таа.
Сторми објаснила дека сè било со согласност и дека немало никакво вознемирување или злоупотреба.
Порно-актерката тврди дека се сретнала со Трамп неколку пати, и дека секој пат кога Трамп бил „зафатен“ – односно во брак со Меланија.