Породилното и капитацијата редовно се исплаќаат, тврди Клековски

Директорот на ФЗО посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство се одвива тековно и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства

од Nikola Popovski
53 прегледи Фото: Локално

Фондот за здравство тврди дека има пари за исплата на капитацијата на матичните лекари и парите редовно се исплатуваат. Директорот Сашо Клековски на брифинг со новинарите порача дека нема доцнење во исплатата на капитациите за матичните лекари, кое е зголемено за 33 отсто, а редовно се исплаќа и надоместокот за породилно отсуство.

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на ФЗО.

Тој посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство се одвива тековно и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства.

-Правиме анализи и согледувања дали има заостанати исплати, бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој месец варира, немаме константен број. Можниот обем во декември е решен со прераспределбата во буџетот, каде е зголемена позицијата за породилни отсуства и кај нас и во Министерството за економија и труд, бидејќи имавме раст на вкупниот број породилни исплати поради зголемувањето на платите, а не поради зголемување на бројот на родени бебиња и породилни отсуства – рече Клековски.