Порошенко: Досега испративме само 30 отсто од нашите војници во контраофанзива

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека моментално се активни „само 30 отсто од бригадите“ резервирани за контраофанзива.

Тој додаде дека се загрижени поради недостатокот на воздушна доминација на Украина и супериорните руски борбени авиони и противвоздушна одбрана.

„Сепак, и покрај сето тоа, покажавме напредок за време на оваа контраофанзива. Го изненадивме светот, направивме чудо и ја запревме втората по големина нуклеарна сила во светот. Русија е многу силна, но не се сомневам во нашата победа“, рече Порошенко, пренесува „Скај њуз“.

Слични содржини