Порошенко: Влезот на Украина во НАТО е неопходен и за Украина и за Европа

од Vladimir Zorba

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави денеска дека влезот на Украина во НАТО е неопходен и за Украина и за Европа.

Во авторскиот текст за Newsweek, тој посочи дека силна и борбена Украина, со вооружени сили кои целосно ги исполнуваат условите за членство во НАТО, ќе биде моќна предност на Алијансата и гаранција за ефикасна одбрана од каква било идна руска агресија.

„Ако руската сеопфатна инвазија на Украина докаже нешто, тоа е дека Кремљ никогаш не би се осмелил да започне војна доколку Киев беше дел од силен сојуз, и покрај сите закани на Путин. Самите руски претставници признаа дека погрешно ја пресметале волјата на Западот да покаже солидарност и единство со Украина“, додаде Порошенко.

Слични содржини