Кошаркарите на Портланд ја постигнаа најголемата победа сезонава во НБА, откако го победија Голден Стејт со 123:117 во цврст и неизвесен судир во Орегон.
На овој начин „блејзерс“ ја запреа серијата од 7 порази против „воините“ и ги соборија шампионите од врвот во НБА. Голден Стејт има скор 44-14, додека Хјустон повторно води со 44-13.
Судирот се претвори во дуел помеѓу Кевин Дурант и Демиан Лилард. Крилото на гостите постигна 50 поени, но бекот на домаќините одговори со 44, па така „пионерите“ успеаја да стигнат до успехот.
Дуелот се реши во последните секунди, иако Портланд водеше скоро цело време, откако во првото полувреме предноста беше дури 20 поени во еден момент. При 117: 115 за домаќините, Клеј Томпсон пропушти тројка од крило на 19 секунди пред крајот, по што Еван Тарнер постигна две слободни.
Стеф Кари беше исто така прецизен од линијата, но Ал-Фарук Амину го направи истото за 121: 117 подоцна. Клучниот момент беше во следниот напад, кога Дурант доби топка на крило и постигна тројка, но се покажа дека со ногата ја допрел аут-линијата и така Портланд го обезбеди триумфот.
„Ова е можеби нашата најдобра победа за сезоната. Со оглед на конкуренцијата на Запад, триумфот е од огромно значење“, рече Лилард, кој има 133 поени во последните 3 натпревари.
Со биланс 32-26, „блејзерс“ продолжуваат да се борат за подобро стартно место во плејофот.
Резултати од НБА:
Детроит-Атланта 104: 98
Орландо-Шарлот 102: 104
Филаделфија – Мајами 104: 102
Бруклин – Индијана 103: 108
Њујорк-Вашингтон 113: 118
Бостон – Лос Анџелес Клиперс 119: 129
Чикаго – Торонто 98: 122
Хјустон – Сакраменто 100: 91
Мемфис – Оклахома Сити 114: 121
Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс 139: 117
Јута – Феникс 107: 97
Портланд – Голден Стејт 123: 117.