Од УХМР уште вчера информираа дека денеска во Македонија ќе има портокалово ниво на опасност од невреме, а во делови од земјата и од пообилни врнежи од дожд. Според последните информации, времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2) за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.
T= 33 °C, P= 980 hPa, U= 48 %, V= 4 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).
Невреме со дожд, град и грмотевици синоќа го погодија скопскиот и тетовскиот регион.
За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.