Портпаролката на ЕУ: Очекуваме имплементација на договорите од Брисел и Охрид

од Stefanija Kuzmanovska
123 прегледи

Портпаролката на Европската унија Зои Мулетиер изјави дека ЕУ очекува да се применат сите членови од договорите договорени меѓу Србија и Косово во Брисел и Охрид.

Мулетиер изјави дека „секоја страна мора да даде нешто за да добие нешто“. Таа додаде дека ЕУ, како посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, е целосно свесна за политичката чувствителност и сложеност поврзани со процесот на имплементација.

„Затоа на страните им презентиравме предлог за чекор по чекор напредок, односно фазен пристап кон имплементација. Ќе им помогнеме да ги исполнат своите обврски“, рече Мулетиер.

Во врска со покренувањето на постапката во Советот на Европа за прием на Косово во оваа организација, на што Србија се спротивстави, Мулетиер повтори дека „ЕУ забележа дека Комитетот на министри на Советот на Европа гласаше за испраќање на апликацијата на Косово за членство во Парламентарното собрание на оваа организација“, како што пишува „Блиц“.

„За тоа одлучуваат членките на Советот на Европа. Кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, ЕУ очекува дека сите членки на Договорот да бидат спроведени на соодветен начин, со добра волја и независно една од друга, како што е договорено од страните во анексот за имплементација во Охрид“, кажа таа.

Мулетиер нагласи дека не може да се поставуваат предуслови за спроведување на Охридскиот договор.

„Главните преговарачи не успеаја да постигнат договор на 4 април во Брисел и разговорите продолжуваат. Затоа се очекува лидерите да разговараат за ова прашање на состанок на високо ниво на 2 мај. Додека течат разговорите, ниту една страна не треба да поставува предуслови бидејќи така не може да функционира имплементацијата на Договорот, а е и спротивно на договореното“ додаде Мулетиер.

Слични содржини