Портпаролката на СДСМ во самоизолација пократка средба со Лукаревска

од Vladimir Zorba

„По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска“, напиша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден.

На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје“, посочи таа во пост на Фејсбук.

Слични содржини