Портпаролкатата на ЕK за енергетика: Осум земји од ЕУ сè уште купуваат руски гас

Белгија, Холандија, Франција, Шпанија и Португалија сè уште набавуваат руски течен природен гас, додека гас преку гасоводот Турски тек купуваат Грција, Словачка и Унгарија

од Бисера Трајковска
41 прегледи Фото: Принтскрин

Портпаролката ЕK за енергетика, Ана-Каиса Итконен изјави дека осум земји-членки на ЕУ продолжуваат да купуваат гас од Русија, иако Европската комисија презентираше план за забрана на увоз на руска енергија.

Таа додаде дека Белгија, Холандија, Франција, Шпанија и Португалија сè уште набавуваат руски течен природен гас, додека гас преку гасоводот Турски тек купуваат Грција, Словачка и Унгарија. Како што додаде, не знаат каде точно завршува овој гас, бидејќи нема официјални информации за тоа.

–  Знаеме каде гасот влегува во системот на ЕУ, но не знаеме каде останува и каде на крајот се троши, рече Итконен.

Инаку, и покрај заложбите за намалување на зависноста, околу 19 проценти од увозот на гас во ЕУ сè уште доаѓа од Русија. Ова претставува пад од 45 проценти пред 2022 година. По саботажата на цевководите Северен тек во 2022 година и прекинот на транзитот низ Украина, Турски тек остана единствената директна рута за руски гас до ЕУ.