Портпаролот Арсовски повеќе нема да биде дел од Владата

од Nikola Popovski
132 прегледи

Владиниот портпарол Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол. Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски на владината прес-конференција.

-Сакам да му се заблагодарам од мое име и името на Владата на портпаролот Арсовски за досегашната работа. Тој денес го завршува својот ангажман како портпарол на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера. Тој беше дел од процесот во кој што Владата беше оценета како најтранспарентна со 100% транспарентност, рече Ковачевски.

Арсовски им се заблагодари на медиумите за соработката и на Владата за довербата.

На крајот од прес-конференцијата, Арсовски доби аплауз од присутните новинари.

Слични содржини