Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на очекувањата од Грција од новата македонска Влада, одговорил дека очекуваат да продолжат со добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од регионот.
„Очекуваме да продолжиме со една добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а според тоа и на Северна Македонија што е во интерес на народите на двете земји и на земјите од поширокиот регион“, рекол Пецас.