Портпаролот на Хамас убиен во израелски воздушен напад

од Nikola Popovski
42 прегледи

Портпаролот на Хамас, Абдел-Латиф Ал Каноа е убиен во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, соопшти медиумска мрежа поврзана со Хамас.

Ал Каноа е убиен кога неговиот шатор бил погоден во Џабалија, а во нападот биле повредени и неколку други лица, според медицински извори, пренесе Ројтерс.

Претходно оваа недела, во израелските напади загинаа и Исмаил Бархоума, член на политичкото биро на Хамас, како и Салах ал-Бардавела, висок лидер на групата.

Бархум и Бардавел биле членови на 20-членото политичко биро на Хамас, од кои 11 биле убиени од почетокот на војната во октомври 2023 година, според групата.

Откако Израел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, загинаа најмалку 830 луѓе, од кои повеќе од половина беа деца и жени, соопшти здравствениот сектор на Газа.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.

Хамас, кој сè уште држи 59 од 250-те заложници што ги зароби, го обвинува Израел дека ги попречува напорите на посредниците во преговорите да се најде потраен крај на конфликтот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека бомбардирањето било наредено бидејќи Хамас не ги прифатил предлозите за продолжување на прекинот на огнот и повторно предупреди дека Израел ќе ја окупира територијата на Газа доколку Хамас не ги ослободи преостанатите заложници.

Слични содржини