302
Португалија ја блокирала продажбата на вилата на рускиот милијардер Роман Абрамович, која се проценува на 10 милиони евра, објави весникот „Публико“.
Имотниот лист на вилата во луксузното одморалиште Квинта до Лаго во Алгарве е замрзната на барање на Министерството за надворешни работи на Португалија на 25 март годинава, еден месец по почетокот на конфликтот во Украина, пренесе Ројтерс.
Според португалскиот весник, поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челси, 15 дена пред почетокот на конфликтот во Украина, се обидел да го продаде имотот преку компанијата „Милхаус вјуз“ од Делавер, која управува со неговиот имот.