Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Фернандо Сантош вечерва го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојното Европско првенство.
Единствена новина на списокот од 26 играчи е Педро Гонсалвеш, 22-годишен напаѓач на Спортинг, кој беше најдобар стрелец во португалската лига со 23 постигнати голови.
Тимот на актуелниот европски шампион, предводен од Кристијано Роналдо, ќе игра во групата Ф со Франција, Германија и Унгарија.
Список:
Голмани: Руи Патрисио (Вулверхемптон), Ентони Лопез (Лион); Руи Силва (Гранада);
Одбрана: Жоао Кансело (Манчестер Сити), Нелсон Семедо (Вулверхемптон), Жозе Фонте (Лил), Пепе (Порто), Рубен Дијаз (Манчестер Сити), Нуњо Мендеш (Спортинг), Рафаел Гереиро (Борусија Дортмунд);
Среден ред: Данило Переира (ПСЖ), Жоао Палиња (Спортинг), Рубен Невеш (Вулверхемптон), Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед), Жоао Мутињо (Вулверхемптон), Ренато Санчез (Лил), Серхио Оливеира (Порто), Вилијам Карваљо, Бернардо Силва (Манчестер Сити);
Напад: Кристијано Роналдо (Јувентус), Диего Жота (Ливерпул), Рафа Силва (Бенфика), Андре Силва (Ајнтрахт), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид), Гонзало Гедеш (Валенсија), Педро Гонзалвеш (Спортинг).