Португалија воведува мерки и за вакцинираните

од Nikola Popovski
391 прегледи

Португалија, една од земјите со најголем број вакцинирани жители, повторно воведе рестриктивни мерки за да го спречи порастот на новозаразените со Ковид-19, барајќи од сите патници кои пристигнуваат во земјата со авион, а во случај да бидат целосно вакцинирани, да покажат и негативен тест при влезот.

„Не е важно колку е успешна вакцинацијата, мора да бидеме свесни дека влегуваме во фаза на поголем ризик“, рече премиерот Антонио Кошта на прес-конференција, додавајќи:

„Имаме значителен раст (случаи) во ЕУ и Португалија не е исклучок“.

Кошта најави и дека оние кои се целосно вакцинирани мора да покажат негативен тест за корона вирусот за да влезат во ноќни клубови, барови, да присуствуваат на големи настани и да влезат во домови за стари лица, а повторно го воведе задолжителното носење маски во затворени простории.

Слични содржини