Португалската фудбалска федерација ја потврди веста за ужасната трагедија: Изгубивме двајца шампиони

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Португалската фудбалска федерација, за жал, ја потврди катастрофалната вест за смртта на двајца фудбалери, Диого Жота и неговиот помалку познат брат Андре Силва.

Веста беше објавена утрово од шпанскиот медиум „Марка“, но немаше официјална потврда сè додека Португалската фудбалска федерација не се огласи и не ја потврди ужасната фудбалска трагедија.

Диого Жота, голема ѕвезда за Ливерпул и англискиот шампион од штотуку завршената сезона, почина заедно со својот брат Андре Силва, кој исто така беше професионален фудбалер. Андре Силва играше за португалскиот второлигаш Пенафиел.

Текстот од изјавата на Фудбалската асоцијација на Португалија и потврдата за оваа ужасна трагедија, што се случи во Шпанија, го пренесуваме во целост: „Португалската фудбалска федерација и целата португалска фудбалска заедница се целосно скршени од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, утрово во Шпанија. Диого Жота, многу повеќе од фантастичен играч, кој играше речиси 50 пати за националниот тим, беше извонредна личност, почитувана од сите негови соиграчи и противници, некој со заразна радост и референца во самата заедница“, соопшти Федерацијата.

Португалската фудбалска федерација изрази најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Диого и Андре Силва, како и до Ливерпул и ФК Пенафиел, но и до клубовите каде што играа играчите.

Оттаму веќе побараа од УЕФА едноминутно молчење овој четврток, пред натпреварот на националниот тим против Шпанија на Европското првенство за жени.

„Изгубивме двајца шампиони. Смртта на Диого и Андре Силва претставува непоправлива загуба за португалскиот фудбал и ќе направиме сè што можеме за да го почитуваме нивното наследство секој ден“, се заклучува во соопштението.

Слични содржини