Португалскиот МНР, Кравињо во посета на Скопје

од Берта Китинска
193 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ќе биде домаќин на Жоао Гомес Кравињо, министер за надворешни работи на Португалија, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.

Покрај средбата со својот хомолог, португалскиот Министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе оствари засебни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Слични содржини