Порзингис менува спорт?

Латвискиот кошаркар размислува да го промени текот на својата кариера

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Иако сите моментално се подготвуваат за Европското првенство во кошарка, кое ќе се одржи во Латвија, Финска, Полска и Кипар од 27 август до 14 септември, Кристапс Порзингис има дополнителни планови.

Најдобриот кошаркар на Латвија е фокусиран на претстојниот Евробаскет, но деновиве проговори и за промена во својата кариера – сака да стане ММА борец.

„ММА е спорт кој ми е многу драг, најмногу сакам да го гледам. Тоа е она што најмногу ме интересира и ме интересира да станам дел од ММА проектот, а сè е моментално во процес на развивање, па ќе објавам повеќе детали при првата можност. Тренирав ММА ова лето, но си ветив дека нема да почнам да се занимавам со тоа додека трае мојата кошаркарска кариера. Се чувам за ММА“, изјави Порзингис за Sportacentrs.

Порзингис е висок 218 см и неодамна се пресели од Бостон Селтикс во Атланта Хокс.

Минатата сезона имаше 19,5 поени, 6,8 скока и 2,1 асистенции, па е во својата 10-та сезона во НБА, а ќе видиме дали е последна.

Слични содржини