„Посакувам да имав секс со неа“: Кајли Џенер изненади со признание (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Старлетата Кајли Џенер неодамна беше во центарот на вниманието поради прашањата за нејзината сексуалност.

Имено, приказните дека „сака жени“ ги иницирала самата Џенер во една од епизодите на реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“, кога изјавила дека „посакала да има секс со нејзината најдобра другарка“.

Имено, озборувањата започнаа на почетокот на годинава кога „масовно се споделуваа нивните заеднички фотографии“, објави „Дејли стар“.

Анастасија Караникулу, попозната како Стејси, и Кајли сега седеа во идентични гардероби во една од епизодите на споменатото реално шоу и го коментираа нивниот однос.

„Зарем не е смешно тоа што сите мислат дека сме во врска овие денови? Кога внесуваме малку алкохол во телото, сакаме само да се бакнуваме и слично“, прво изјавила Кајли, пренесува споменатиот медиум.

Тие две потоа порачаа коктели и потоа продолжија.

„Зошто луѓето мислат дека е толку чудно? Како да сме опседнати една со друга“, коментираат понатаму.

Џенер тогаш призна дека на социјалните мрежи добива пораки од луѓе кои ѝ пишуваат дека „знаат дека тие две имаат секс“.

„Не, немаме. Посакувам да имавме“, рече Кајли и додаде:

 

„Со Анастасија сме другарки од 12 или 13 години. Таа е дефинитивно мојата најстара пријателка“.

Двете се согласиле дека „би било многу полесно кога би биле сексуално привлечни една за друга“, но дека „пораснале заедно и се гледаат како сестри“.

Слични содржини