Посебен режим на сообраќај утре во Аеродром поради ракометен натпревар

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (26.03.2023), со почеток во 18 часот поради најавен ракометен натпревар, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром.

По потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул. „Србија“ со бул. „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Слични содржини