Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека на 26 и 27.10.2022 година (среда и четврток), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе пристигне претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
-МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, велат од полицијата.
Ова е второ доаѓање на Фон дер Лајен во земјава во последните шест месеци, откако летово беше дојдена во Скопје пред одобрувањето на предлог-преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.