Посетата на Ердоган на Русија клучна за постигнување договор за житото

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган би можела да се одржи во Русија и е од клучна важност за постигнување договор, објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на извори во турското претседателство.

„Продолжуваат обидите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по трет пат да го продолжи Договорот за жито. Претстојната посета на Ердоган на Русија е од клучна важност за постигнување на тој договор“, рече претставникот.

Турција ја продолжува својата посредничка улога во војната меѓу Украина и Русија, а главниот советник на претседателот Акиф Чагатај Килиќ ќе ја посети Украина.

Слични содржини