278
Ајфеловата кула во Париз денеска е евакуирана по дојава за бомба, јавува BFM TV.
Екипите се на терен, а во меѓувреме споменикот е затворен за посетители.
Три ката од Ајфеловата кула и нејзиното лоби беа евакуирани во раните попладневни часови по порака за предупредување за бомба, дозна BFM од извор од париската полиција.