После 23 години, откриена голема тајна за хитот I Don’t Want To Miss A Thing од Аеросмит

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од најголемите хитови на групата Аеросмит е дефинитивно песната I Don’t Want To Miss A Thing. Песната го виде светлото на денот во 1998 година и беше дел од музиката за филмот „Армагедон“, во кој играа Брус Вилис и Лив Тајлер.

Песната е напишана од текстописецот Дајан Ворен, а во интервју за списанието „Ролинг Стоун“ таа раскажа дека песната била наменета за жена.

– Ми беше прикажан крајот на филмот. Отидов и напишав песна… Не ни помислував дека бендот Аеросмит ќе ја изведе – рече Ворен и продолжи:

– Мислев дека ќе ја отпее некој женски вокал, но тоа е многу помоќно со Стивен Тајлер (пејачот на групата Аеросмит), тој е толку ранлив во песната. Се сеќавам дека кога првпат го слушнав буквално се срушив на столот колку беше одлично.

Слични содржини